Пет начини како да се „поврзете“ со планетата!

Added by Earth Hour Macedonia on 6th февруари 2018 in the category Прес.

Часот на планетата Земја 2018 доаѓа навистина брзо (сабота, 24 март во 20:30 часот по локално време)!

И оваа година, акцијата ќе  ни помогне да направиме посилни врски со нашата прекрасна планета: заедничкиот дом за луѓето и природата!

Се повеќе и повеќе луѓе ширум светот живеат во градовите и можеби мислат дека е тешко да се „поврзат“со дивиот свет и природата. Но, ние сме тука за да ви покажеме дека не е толку тешко како што мислите. 🙂

Без разлика дали сте урбан жител или само гледате како можете да направите подобра иднина за нашата планета, во продолжение ќе ви откриеме пет начини на кои можете да се поврзете со планетата Земја #ConnectToEarth

КОРИСТЕТЕ ПОМАЛКУ ПЛАСТИКА

100% разградлива кеса. © Global Warming Images / WWF

Од купувањето храна за носење на зафатен ден на работа, до користење на пластички лажичиња за кафе, не е никаква тајна дека пластика за еднократна употреба го прави животот полесен за многумина од нас. За жал, таа пластика е ужасна за животната средина. Кога пластиката не се рециклира правилно, таа често завршува во океанот, каде што го загрозува морскиот живот. : (Дури и ако ја фрлиш во корпа за отпадоци, разградувањето на пластиката обично трае стотици години!) Ако, пак, согорувате пластика, тоа ослободува отровни гасови што се лоши не само за тебе, туку и за живиот свет, како дополнување на глобално затоплување. 🙁

Најлесно решение на сите овие проблеми е да се намали вашата употреба на пластика! 😀 Префрлете се на торби за купување и избегнувајте користење на пластични садови за јадење и пластичен прибор. Друго решение е да си подготвиш сопствена храна дома и да ја донесеш во сад кој ќе го користиш повеќе пати! 🙂 Впрочем, тоа е поздраво и за тебе и за околината.

ЗАСАДИ РАСТЕНИЈА

© Martin Harvey / WWF

Има нешто навистина смирувачко во одгледувањето на растенија. Цвеќиња нудат убава боја на терасите на високите згради и сивите тротоари! 😉 И ако живеете во градот и сте премногу зафатени за да се грижите за домашно милениче, цвеќињата и растенијата се одлична алтернатива! 😀 Барате уште некоја причина плус? Растенијата најчесто бараат помалку грижа за оддржување отколку животните! На пример, кактусите се полесни за чување од кучињата, па дури и розите и орхидеите.

СОВЕТ: Некои растенија внесуваат во домот мир и медитација 😉 Таков пример е дрвото бонсаи, кое често се смета за икона на зен и спокојство. Ако имате доволно простор, можете дури и да поставите своја сопствена градина – катче рај каде што ќе можете да се одморите по тешкиот ден на работа.

Но, најдоброто нешто за растенијата е тоа што се дел од природата. 🙂 Со одгледување на вашите растенија, добивате подлабока врска со неверојатната природа што нè опкружува.

ОДЕТЕ НА ПРОШЕТКА ВО ПРИРОДА ЗА ВИКЕНДОТ

© Hartmut Jungius / WWF

Ако не сте некој кој е заинтересиран во градинарството, нема потреба да се грижите – прошетајте во природат и ценете сè што гледате околу вас! Барајте парк, откријте патека или одете на авантура во национален парк со вашите пријатели или семејството!

Постои нешто неизмерно релаксирачко во шетањето меѓу дрвјата и природата. Користете го времето за да се исклучите од секојдневниот живот на некое време и да се поврзете со дрвјата и околината околу вас. Или, ако одите на плажа, почувствувајте го песокот помеѓу прстите и слушајте го падот на брановите на крајбрежјето. Ако сте во планините, пак, дишете свеж ладен воздух и погледнете во прекрасните сцени околу вас!

Природата е убава и е насекаде околу нас. Дури и во голема метропола, не е невозможно да се најде некој парк. Само одвојте време овој викенд и разгледајте што може да откриете. 🙂

ЈАДЕТЕ ОДГОВОРНО И ОДРЖЛИВО

Mix of bluefin tuna sushi, Brussels, Belgium. © Bruno Arnold / WWF

Постојат неколку генерално видови на храна кои многу луѓе јадат – како на пример ориз, тестенини, пилешко, риба… И некои од нив се загрозени поради тоа колку се популарни!

Дали знаевте дека туната би можела да биде работ на истребување поради зголеменото ловење? :O И милиони ајкули се убиваат секоја година за да се задоволи побарувачката за перка на ајкула. 🙁 Дури и ако не јадете некоја од овие популарни јадења, многу од нас трошат храна, што е одлив на ресурсите на животната средина – па не заборавајте да си ставите во тањирот само тоа што можете целосно да го изедете.

И обидувајќи се да го намалиме внесот на месо, исто така, помагаме да ја заштитиме нашата планета и нејзиниот огромен спектар на живот!

Па не заборавајте да ја одберете храната што ја јадете мудро додека го чувате нашиот заеднички дом. 🙂 Постојат толку многу начини да се поврзете со планетата #Connect2Earth, и покажувате дека се грижите за тоа преку изборот на храна што што го правиме, а тоа ќе придонесе за глобалните напори за обезбедување на иднината на Земјата и нејзината биолошка разновидност.

ПРЕЗЕМЕТЕ АКЦИЈА ЗА СПАС НА ПЛАНЕТАТА ВЕДНАШ

WWF expedition team with WWF Malaysia staff and volunteers. Kudat, Sabah, Malaysia. 27 June 2009 © Jürgen Freund / WWF

Без разлика дали организирате или се приклучувате на чистење на плажа, ги охрабрувате луѓето околу вас да започнат со рециклирање, или потпишувате петиција за заштита на нашата планета, поврзувањето со природата може да се случи во вашиот дом, сега и веднаш! Обезбедувањето на иднината на нашата планета зависи од нас – и нема подобар начин да се тргне на тоа патување отколку со „поврзување“ со Земјата и почитување на сето она што Земјата го прави за нас.

Ние навистина веруваме дека секој поединец има моќ да направи позитивна промена за нашата планета и нејзиниот биодиверзитет.

Придружи ни се и спаси ја планетата Земја! Вклучи се во акцијата и исклучи ги светилките на 24 март во 20:30 часот и биди дел од ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА!

Следи нѐ секаде!

youtubeinstagram